Нова инвестиција во с. Ратево, приклучок на резервоар за вода до водоснабдителен систем

Во село Ратево започнува реализацијата на значаен инфраструктурен проект – приклучок на резервоарот за вода за пиење, со постојната водоводна мрежа.
Со оваа инвестиција жителите на с. Ратево ќе добијат подобрен и сигурен пристап до квалитетна и безбедна вода за пиење, што претставува трајно решение на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.
Проектот е од особено значење за зголемување на животниот стандард и подобрување на условите за живеење во ова рурално подрачје, а се очекува градежните активности да зацршат во рок од шест месеци.
Во рамки на проектот ќе се изврши поврзување на резервоарот кој е приклучен на системот за водоснабдување од филтер станицата во Берово, со постојниот резервоар во село Ратево, преку целосно нов вод и реновирана пумпна станица.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 9.023.147,00 денари со вклучен ДДВ, а средствата за реализација се обезбедени од Буџетот на Општина Берово.
Горе