Делегација од Општина Берово во официјална посета на Брус

На покана од Општина Брус, Делегација од Општина Берово, предводена од градоначалникот Пекевски, деновиве престојува во официјална посета на Општина Брус, по повод одбележување на денот на градот.
За време на посетата, тие остварија средба, со Претседателот на Општина Брус, Далибор Савиќ, на која беше разговарано за продлабочување на соработката и размена на искуства во повеќе области од локалното управување.
Посетата претставува продолжување на добрите пријателски односи, помеѓу двете општини, со цел зајакнување на партнерствата и развој на заеднички иницијативи, од интерес за граѓаните, како и развој на идеи за реализација на заеднички проекти.
Градоначалникот Пекевски, упати честитки до жителите на Брус, по повод празникот, посакувајќи им благосостојба, напредок и успешна работа во годините што следат.
Во рамките на програмата, делегацијата имаше можност да ужива во богатата културно уметничка програма и да го проследи прекрасниот настап на членовите на нашето културно уметничко друштво ,,Димитар Беровски”, под раководство на етнокореографот Методи Скендерски.
Пријателството со Брус, со години го негуваме и прославуваме, со што ја продлабочуваме културната соработка, градиме трајни пријателства и безброј убави спомени.
Горе