ЈАВЕН ПОВИК За пријавување за користење на слободна јавна површина за штандови  за  време на ЕТНО Плоштад Фестивал 2025 и Саем  ,,Малешевијата на дланка”

Врз основа на член 3 од ОДЛУКА за утврдување на висината на надоместокот за закуп на тезги и штандови за саемот Малешевијата на дланка и ЕТНО Плоштад фесивал 2025 година , која Советот на Општина Берово, ја донесе на 64-тата Седница, одржана на ден 15.7.2025 година, Општина Берово, распишува:

 

ЈАВЕН ПОВИК За пријавување за користење на слободна јавна површина за штандови  за  време на ЕТНО Плоштад Фестивал 2025 и Саем  ,,Малешевијата на дланка”

 

Општина Берово, ги повикува сите заинтересирани  правни и физички лица, да се пријават за користење на слободна јавна површина, за поставување на штандови за време на одржувањето на  ЕТНО Плоштад Фестивал 2025 и Саем  ,,Малешевијата на дланка” , во периодот од 28-30 август, 2025 година.

Висината на надоместокот за закуп на слободна јавна површина, за штанд и сл. е утврдена на следниот начин:

  • Закуп на штанд (крофни, воз, трамболина и сл.) со дозволена површина на користење до 6м2 (локации со број 5, 6, 7, 8) – 15.000,оо денари
  • Закуп на тезги за скараџии со дозволена површина на користење до 70м2 – 30.000,оо денари
  • Закуп на штанд на Државна Лотарија на Македонија со дозволена површина на користење до 8м2 (локација со бр.9) – 8.000,оо денари
  • Закуп на штанд од страна на други правни лица – други изложувачи, со дозволена површина на користење до 6 м2(локација со број 11) – 6.000,оо денари
  • Закуп на штанд со локација број 4 – почетна цена 30.000,оо денари

СКИЦА НА ОДБЕЛЕЖАНИ ЛОКАЦИИ

За закуп на штандови на локации, определени како Локација со број 4, може да конкурираат правни лица кои се регисрирани за вршење на угостителска дејност (се утврдува со достава на тековна состојба, не постара од шест месеци)

За наведените локации, еден ист понудувач, не може да земе под закуп, повеќе од 1(една) локација.

Локацијата ќе се додели на понудувачот, што ќе понуди највисока цена, не пониска од првично определената  почетна цена.

Доколку за истата локација, двајца или повеќе понудувачи имаат понудено иста цена, ќе се применува принципот на „Прв дојден, прв услужен“.

За останатите локации, ќе се применува само принципот „Прв дојден, прв услужен“ по однапред определената цена согласно Одлуката.

Износот на висината на надоместокот се однесува само за периодот од 28-30 Август 2025 година, а просторот за користење ќе биде означен за секој  штанд посебно.

Начин на пријавување

Сите заинтересирани правни и физички лица, потребно е да достават пријава, до Архива на Општина Берово, со назнака ,,Пријава за користење на јавна површина за време на ЕТНО Плоштад фестивал”  .

Пристигнатите  пријави ќе бидат разгледани од страна на Комисија формирана со Решение до страна на Градоначалникот на општина Берово и локациите ќе бидат одобрени  со Решение.

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА ЕТНО 2025       

Рок за пријавување

22.08.2025 година

 

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

Горе