Oдржан состанок на тема: ,,Превенција, координација и постапување при појава на пожари”

Денеска, во салата за состаноци во ОВР Берово, се одржа состанок на тема: ,,Превенција, координација и постапување при појава на пожари”.
На состанокот присуствуваа претставници од Општините Берово и Пехчево, Гранична полиција, Шумска полиција, ЈП Национални шуми, Одделение за одбрана, ТППЕ, ДПД, ЦУК, ДЗС, НВО, јавни здравствени установи, МЗШВ, Ловните друштва и Планинарски друштва.
Разговарно е за превземање на активности и мерки во врска со Соопштението од МЗШВ и донесената забрана за движење во шума и шумско земјиште, во периодот од 01.07.2025 година до 31.08.2025г , поради зголемен ризик од појава на шумски пожари, а согласно насоките од Влада на РСМ и барањата на ЈП ,,Национални шуми” и Национални паркови.
Со директни акции и иницијативи во процесот на справување со пожари и преку реализација на други општествено одговорни акции, позитивно ќе влијаеме на целокупната популација и подигање на свеста за опасноста од катастрофалните пожари.
Сите институции активно се вклучија во доскусиите и беа договорени чекори за превземање на активности, во случај на појава на пожар .
Горе