Во периодот од 02-03 јули, заедно Градоначалникот Пекевски, заедно со тимот за имплементација на проекти, учествува на првиот состанок во Кожани, Република Грција, за да се означи почетокот на реализација на нов проект “Just Femme” од Програмата ,,Интеррег Европа”, која е кофинансирана од Европската Унија, каде што е потпишан партнерски договор.
Во проектот учествуваат Грција, Полска, Холандија, Литванија, Бугарија и Латвија.
Проектот “Just Femme” ( „Само жени“), ќе се реализира во наредните 3 години, во партнертсво со 5 јавни администрации, 2 агенции за регионален развој и една високобразовна институција.
Основна цел на проектот, е промовирање на територијални политики, кои вклучуваат еднакво учество на жените во иницијативите за вработување, претприемништво и обука, фокусирајќи се на новите зелени и дигитални вредносни синџири.
Запознавање и претставување на институцијата и градот кој го претставуваат, распределба на активности согласно планот, како и презентирање на методологијата која ќе се користи во прибирање на потребните податоци, се само дел од активностите, предвидени за оваа работна посета.
Вкупната вредност на проектот изнесува 1.574.656,00 евра, а Општина Берово ќе користи 118.700,00 евра.
Повеќе за проектот на линкот:









