Детскиот парк на ул. ,,Партизанска” доби нови детски реквизити

Нови клацкалки, нишалка и лизгална, во текот на вчерашниот ден се поставени во детскиот парк на ул. ,,Партизанска”, во Берово.
Детските реквизити се донација од Друштво за управување со пакување и отпад од пакување ,,ПАКОМАК” ДОО Скопје, како резултат на победата на Општина Берово на конкурсот за најеко општина, кој го објавува компанијата Пакомак, во соработка со невладината организација Балкан ЕКО институт.
Пригодните награди, кои се обезбедени, треба да бидат од корист на сите луѓе од заедницата и да не поттикнуваат кон активното учество во борбата за почиста околина, секојдневна грижа и заштита на животната средина и негување на еколошките вредности.
Благодарност до Пакомак и Балкан ЕКО институт, кои по втор пат ги препознаваат еколошките вредности на Берово, како примат за еколошка општина и што ни ја доделија титулата за нај еко општина.
Упатувам порака, до сите деца да си играат во паркот, да бидат среќни, да се дружат, но и да се грижат, да го чуваат катчето, кое што е наменето за игра, дружење и здрав развој.
Во партнерство создаваме безбедни и модерни јавни површини и се грижиме за чиста и здрава животна средина.
Горе