Во рамките на активностите на ОВР Берово, а во соработка со Општина Берово, за превенција во укажување на важноста за почитување на законските обврски, особено за време на велигденските празници и оние обврски кои произлегуваат од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, денеска во просториите на Општина Берово се одржа работен состанок.
На состанокот присуствуваа претставници на ОВР Берово, претставници на угостителските објекти од подрачјето на Берово и Пехчево и претставници од Општина Берово. На состанокот присуствуваше и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Притоа даден е посебен акцент, со укажување за строга забрана за:
- Присуство на малолетници во угостителските објекти, после 00:00 часот, без присуство на родител или старател;
- Точење и продажба на алкохолни пијалоци на лица под 18 години , кое е најстрого забрането, согласно Кривичниот законик на РСМ
- Овозможување на малолетници да консумираат алкохол во угостителски објект
Секоја повреда на овие одредби, претставува прекршок и носи соодветна одговорност- како за вработените, така и за сопствениците на објектот.
Исто така, се потенцирани обврските на угостителите и овластените лица кај угостителите, за целосна соработка со претставниците на МВР, во однос на пријавување на прекршоци на јавниот ред и мир.
Во заедничката акција, Општина Берово и ОВР Берово АПЕЛИРААТ:
Да се почитуваат мерките кои произлегуваат од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, за да придонесеме кон обезбедување на безбедна средина за сите нас и безбедно да ги пречекаме велигденските празници.
Наша заедничка цел, е да обезбедиме мирна, безбедна и достоинствена прослава на најголемиот христијански празник Велигден, со почитување на сите законски прописи.
Сите да покажеме совесност и одговорност!
Ви благодариме на разбирањето.