Беровските пожарникари добија нова  работна опрема

Нова  работна опрема, која се состои од униформа и обувки и која значитечно ќе им го олесни извршувањето на работните задачи, деновиве беше набавена за беровските пожарникари.

Новата работна опрема , ќе ја користат за гасење на пожари на отворен простор во урбаните и руралните средини

Новата опрема ќе биде од голема корист за ТППЕ Берово,  со што ќе се унапреди нивната  безбедност и функционалност и  значително ќе се олесни начинот на справување со  предизвиците.

Опремата е во вкупна вредност од  399.500,00 денари, кои ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Берово за 2025 година.

Горе