Почитувани жители на Општина Берово,
За жал, се почесто сме сведоци на несовесно сопствеништво над домашни миленици, а особено тоа е алармантно со кучињата. Во повеќе наврати, имаме пријави од граѓани (особено најранливите категории граѓани), каде што граѓани се нападнати, се чувствуваат небезбедно, кое нешто, не ни овозможува безбедно да се чувствуваме во нашата средина.
Она што ќе биде примарен фокус на надлежните, во следниот период, согласно позитивните законси прописи, ќе биде ангажирање на сите можни ресурси со цел решавање на проблемот со кучињата на јавна површина, а во смисла на:
- Зачестени контроли на јавни површини
- Почесто заловување на кучиња затекнати на јавна површина
- Писмени опомени за неодговорно сопствеништво
- Репресивни мерки (КАЗНИ) за сопствениците на затекнати кучиња на јавна површина без присуство на сопственик
АПЕЛ ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА МИЛЕНИЦИ:
БИДЕТЕ ОДГОВОРЕН СОПСТВЕНИК ЗА ВАШЕТО МИЛЕНИЧЕ!
УРЕДНО ЧУВАЈТЕ И ДРЖЕТЕ ГИ ВАШИТЕ КУЧИЊА (ВРЗАНИ ИЛИ ВО ОГРАДЕН ДВОР)
ОДГОВОРНОТО СОПСТВЕНИШТВО НАД МИЛЕНИЧИЊАТА ПРИДОНЕСУВА ДО БЕЗБЕДНА СРЕДИНА ЗА ГРАЃАНИТЕ.
Се надеваме дека ќе ја сфатите нашата порака, затоа што само со широка комуникација и соработка на сите инволвирани чинители, можеме да дојдеме до најдобрите предлози и решенија, кои ќе бидат во интерес на сите граѓани, но и во интерес на севкупната безбедност на граѓаните на Општина Берово.
Се разбира, Општина Берово ќе остане отворена за партнерска соработка, како во поглед на заедничко нормативно надградување на процесите, така и во поглед на обезбедување на ресурси и средства, а се со цел за подигање на нивото на одговорно сопствеништво над милениците.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО ЈА РАЗБРАВТЕ ПОРАКАТА!