Делегација од општина Берово, предводена од Градоначалникот Пекевски, престојува во Крањ, Република Словенија, каде што беше доделена донација, возило за противпожарна заштита, што ќе биде од големо значење, во борбата со справување со пожарите.
Новото противпожарно возило, е од исклучителна важност, не само за опременоста на беровската територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја и за заштитата на животната средина .
Градоначалникот Пекевски упати голема благодарност за донацијата, до ПГД Бритоф, Општина Крањ и семејство Газинковски од Крањ, кои помогнаа оваа донација да биде дадена во корист на жителите на Општина Берово.