Детската градинка ,,23 Август” , во с. Русиново, ги подобрува услугите за дечињата, со обезбедување на донација од детски реквизити, играчки, преносен компјутер (лаптоп), принтер и машина за садови, кои се донација од нашите исселеници од с. Русиново- Берово:
Горан Буровски
Дарко Поповски
Сашко Механџиски
Дејан Механџиски
Димче Страторски и
Даниел Костевски.
Донацијата беше поздравена од првиот човек на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој упати посебна благодарност до донаторите и од претседателот на месната заедница од с. Русиново – Игор Жежовски, кој воедно е и организарот за донацијата.
Донираната опрема и реквизити, ќе бидат од голема корист за детската градинка ,,23 Август” , во с. Русиново, бидејќи ќе овозможат подобрени услови за престој на дечињата и повеќе содржини за играње.
Донаторите најавија и уште една донација за детската градинка во с. Русиново, преку која ќе бидат обновени детските реквизити во дворот од градинката.
Ова е пример, како се сака родното место и дека каменот повеќе тежи на родното место, а големиот ум и добро срце, се секогаш моќната комбинација на луѓето кои донираат за хуманитарни цели.
Ваквата хуманост, треба да биде пример за сите во општеството, во потрагата по подобро утре за поединецеот а преку тоа и за општеството.