Во тек е изградба на Крак 4, од секундарната водоводна мрежа во туристичка населба Беровско Езеро, со должина од околу 500 метри.
Со зголемување на населбата и се поголемиот број на корисници, зголемена е и потребата од вода, со што постојниот капацитет не беше доволно за да ги задоволи потребите на корисниците.
Населбата во моментот има дел од секундарна мрежа, па со новата линија ќе се обезбедат дополнителни количини, со кои ќе се покрие уште еден дел од населбата и домаќинства и преку кој континуирано се работи на решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во туристичка населба Беровско Езеро.
Реализацијата на овој проект е од големо значење за развој на туризмот и подобрување на условите за живот на граѓаните.
За изградба на Крак 4 од секундарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско езеро од Буџетот на Министерство за животна средина и просторно планирање, врз основа на Конкурсот за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2024 година, обезбедени се средства во износ од 1.500.000,00 денари. Од Буџетот на Општина Берово, ќе бидат кофинансирани 305.264,00 денари.