Ги покануваме жителите да учествуваат на втората форумска сесија, на ден 18.11.2024 година (понеделник), во просториите на Големата Сала на Општина Берово.
На втората форумска сесија, граѓаните ќе имаат можност, да слушнат дискусија за дадените предлози од првата форумска сесија и дирекно да учествуваат во донесувањето на одлуките на локално ниво, преку гласање, за некои од проектите, кои самите ги предложија.
На втората форумска сесија, граѓаните, преку гласање, ќе одлучат кои се приоритетни проекти за реализација, кои понатаму ќе влезат во програмите и во Буџетот на Општина Берово за 2025 година, за подобар развој на општината.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите, ќе биде од особено значење, за успешно спроведување на форумскиот процес и ќе даде голем придонес, за креирање на Буџетот на општина Берово, за 2025 година.
Сите се добредојдени, во учеството во донесување на одлуки на локално ниво.
Општина Берово
Градоначалник Звонко Пекевски