Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2025 година и подготовка на годишните програми за работа на одделенијата, за 2025 година.
Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани, во Општина Берово .
Средбите во Берово, ќе се рализираат со следниот распоред:
с.Смојмирово | 04.11.2024 (понеделник) |
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” | 18:00 часот |
с.Мачево | 04.11.2024 (понеделник) |
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” | 19:30 часот |
с.Будинарци | 06.11.2024 (среда) |
сала | 18:00 часот |
с.Митрашинци | 06.11.2024 (среда) |
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” | 19:30 часот |
с. Владимирово | 07.11.2024 (четврток) |
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” | 18:00 часот |
с.Русиново | 07.11.2024 (четврток) |
ООУ ,,Никола Петров Русински” | 19:30 часот |
с.Ратево | 11.11.2024 (понеделник) |
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” | 17:00 часот |
с.Двориште | 11.11.2024 (понеделник) |
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” | 19:00 часот |
Берово жителите од Берово, кои живеат од лева страна по течението на река Брегалница |
13.11.2024 (среда) |
Општина Берово | 18:00 часот |
Берово жителите од Берово, кои живеат од десна страна по течението на река Брегалница |
13.11.2024 (среда) |
Општина Берово | 19:30 часот |
Сите кои имате идеи, предлози за релизација на одредени проекти или решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.
Исто така, сите кои од одредени причини се спречени во наведените термини, да присуствуваат на средбите, дајте го свој предлог, за поубаво Берово, преку e-mail: [email protected].