Нови штедливи светилки го подобруваат осветлувањето на улиците ,,Илинденска” и ,,Страшо Пинџур” во Берово

Штедливи лед светилки, деновиве го подобруваат осветлувањето  во централното градско подрачје, во Берово.

Во рамките на Програмата за одржување на уличното осветлување, со нови енергетски ефикасни, лед светилки, заменето е градското осветлување на ул ,,Илинденска” и ул.,,Страшо Пинџур”, во Берово.

Новите светилки се подолготрајни и погодни за зачувување на животната средина и ќе допринесат за заштеда на енергија и значително ќе ја подобрат видливоста во вечерните часови,  ќе се зголеми безбедноста на пешаците и возачите.

Од Буџетот на општина Берово за 2024 година , согласно склучениот договор по спроведената постапка за јавна набавка, за одржување на мрежата на улично осветулување на територијата на Општина Берово, ќе бидат потрошени околу  762.603,00 денари.

Горе