5.000,00 за секое прваче на територијата на Општина Берово

На 67 првачиња, кои годинава ќе го започнат своето школување во беровските училишта, денеска им се исплатени по 5.000,00 денари, како поддршка од локалната самоуправа, за купување на школски прибор и други потребни работи,  за почетокот на учебната година, како дел од Програмата за образование, за 2024 година.

Денеска, на сметките на родителите на беровските првачиња, легнаа по 5.000,00 денари од Буџетот на Општина Берово, со цел да им се олеснат трошоците на почетокот на учебната година.

Грижата за сите, е многу важна, а враќањето на парите назад кај граѓаните, е наша обврска, кон подобрување на квалитетот на живот.

Се надевам дека исплатените средства ќе бидат добредојдени во престојниот период, за родителите да им овозможат се што им е потребно за среќен почеток, на своите деца и да имаме среќни и безгрижни првачиња, истакна градоначалникот Пекевски.

Подобрувањето на условите за учење за учениците, е еден од најважните приоритети на општината а подобрување на  условите за настава, наша секојдневна работа.

За реализација на оваа активност, Преку програмата за образование за 2024 година, од Буџетот на општина Берово за 2024 година, исплатени се вкупно 335.000,00 денари.

Овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете.

Горе