На денешната, втора форумска сесија, присутните граѓани, имаа директна можност, да ги дадат своите предлози, како приоритети, кои треба да влезат во програмите и Буџетот на Општина Берово за 2023 година.
Низ пријатна атмосфера, во рамките на 6 работни групи, произлегоа голем број предлози, меѓу кои:
-зголемена спортска, културна и туристичка понуда, преку инфраструктурно уредување на сппртските објекти, конкретно реконструкција на градскиот стадион
-Автоматско наводнување на тревникот на стадионот
-Поставување на фотоволтаици на поголем број објекти
-Божиќен концерт и изложба на стара малешевска архитектура
-Пензионерски рекреативен центар
-Фотоволтаици и реконструкција на детска градинка
-инфраструктура во туристичка населба во Абланица
-обновување на стазите околу Беровско Езеро
-организација на повеќе културни настани
-спој на културата и архитектурата, зачувување на автентичноста на беровската стара архитектура и многу други.
Веќе на следната форумска сесија, граѓаните ќе имаат можност да гласаат и дирекно да учествуваат во креирањето на Програмите и Буџетот на Општина Берово за 2023 година.
Партиципативното учество на граѓаните, е наш приоритет, во креирањето на локалните политики и е многу важно, се со цел да се направи Буџет по мерка на граѓаните.