Потпишан договорот за изградба на пат Берово- Црвен Брег- туристичка населба Абланица

Денеска, Градоначалникот Пекевски, со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, го потпиша договорот за ,,Изградба на пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица”.

Овој пат, е многу значаен за жителите на Општина Берово, но и за посетителите , за рекреативците и за сите кои уживаат во прошетките во природа.

Со реконструкцијата на овој пат, уште еднаш ја потврдуваме заложбата за олеснување на пристапот на жителите до нивните имоти, за подобрување на условите за рекреативен туризам и воопшто за подобрување на квалитетот на живот на жителите на општина Берово- истакна Пекевски.

Средствата во износ од 13.287.000,00 денари, се обезбедени од Буџетот на РСМ за 2023 година и  доделени на Општина Берово, како капитални дотации.

Горе