ОБЈАВА бр.01/2023 за давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање

Комисијата за спроведување на постапка задавање во закуп на недвижни и движни  ствари сопственост на Општина Берово, врз основа на член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 37, 38, 39, и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите на во државна сопственост и стварите во општинска сопственост (Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15,190/16, 21/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 101/19, 275/19 и 122/21) и Одлуките на Советот на општина Берово за давање согласност за давање под закуп на деловни простории сопственост на Општина Берово, објавува давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање, сопственост на Општина Берово согласно табеларниот преглед:

ОБЈАВА бр.01/2023

за давање на недвижни ствари во закуп

со електронско јавно наддавање

(прва објава)

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари –деловни простории кои се наоѓаат во градското подрачје во Општина Берово, катастарски парцели – КП бр.2281, КП бр.2091, КП бр.2553/2,  КП бр.2088, КП бр.874, КО Берово сопственост на Општина Берово (Имотен Лист бр.8722, КО Берово), КП 846 КО Берово, сопственост на Општина Берово (Имотен лист 8307, КО Берово), согласно Одлуките за давање под закуп на недвижни ствари во сопственост на Општина Берово бр.09-2153/1 од 08.06.2023 година, бр.09-2154/1 од 08.06.2023 година, бр.09-2155/1 од 08.06.2023 година,  бр.09-2156/1 од 08.06.2023 година, бр.09-2157/1 од 08.06.2023  година, бр.09-2158/1 од 08.06.2023  година, бр.09-2159/1 од 08.06.2023, бр.09-2160/1 од 08.06.2023 година и бр.09-2163/1 од 08.06.2023 година и Извештаите за проценка на пазарната вредност на недвижен имот кој е предмет на јавното наддавање од овластен проценител со број: 440/1, 137/1, 137/2, 137/3, 137/4, 137/5.

 Повеќе за објавата, можете да преземете ТУКА

Горе