Почитувани припаднички на понежниот пол,
Ви го честитам денешниот празник, 8-ми март и Ви посакувам, не само овој ден, туку секој ден во годината, да Ви биде укажувана грижа, почит и внимание.
Уживајте во сознанието дека ги имате најблиските до себе и чувството дека некому сте му целиот свет и секогаш имајте на ум дека некој Ве сака и внимава на Вас.
Вашата креативност, емпатија, одговорност, труд и макотрпна работа, Ве прават успешни во сите општествени полиња и Ве прават посебни и единствени.
Меѓународниот ден на жената – 8 Март, претставува симбол на борбата за права и за еднаквост на жените, о целиот свет.
На сите жени, Ви го честитам 8 март и Ви посакувам добро здравје, многу успех и нека Ве пратат, само убави моменти.
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски