Вработените во Општина Берово, проследија сесија за подобрување на внатрешната комуникација

Во рамки на Проект на УСАИД, за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, денеска  вработените во Општина Берово, заедно со Градоначалникот,  проследија сесија за подобрување на внатрешната комуникација и проток на информации.
Во рамките на сесијата, беа продискутирани тековните предизвици поврзани со протокот на информации и документи во општинската администрација, дефинирани се препораки за подобрување и зајакнување на соработката меѓу одделенијата во општината, како и меѓу општинските службеници на различни нивоа.
Разговарано е како може да биде поефикасна внатрешната комуникација и за тоа колку е важна тимската работа и споделување на тимските вредности и дадени се предлози за надминување на идентификуваните предизвици.
Од страна на Специјалистот за градење на капацитети, Контрактор на УСАИД, д-р Вирна Манасиева-Герасимова, беа презентирани можните решенија, за подобрување на внатрешната комуникација.
Благодарност до УСАИД, што ни овозможува преку реализацијата на вакви проекти, да ги зајакнуваме капацитетите за искористување на ресурсите и да ги унапредуваме состојбите на локално ниво-истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Горе