3 Декември- Денот што не потсетува дека сите пречки се мали, доколку луѓето се големи

Денешниот ден, 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, го посветуваме на  корисниците во Дневниот центар на лица со телесна или ментална попреченост во Берово, посакувајќи им многу здравје, напредок, радост и поддршка, што ги следи во  секој нивни чекор.

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, ги посети корисниците и упати  искрени честитки по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со желби за многу љубов, почит и поддршка.

Нивната сила, истрајност и дух, се пример за сите нас. Тие  секојдневно ни покажуваат дека пречките не се бариера, туку предизвик што се надминува со храброст, волја и љубов.

Тие се пример за сила која не се гледа, туку се чувствува.

Нашата заедница е побогата, посилна и похумана благодарение на лицата со попреченост.

Секој  чекор, секој напор, секоја победа – мала или голема – е светлина што нè потсетува дека човечноста нема граници, а достоинството е право, што никој не смее да го одземе.

Како  градоначалник, но пред се како човек, сакам да знаете дека моето срце и срцето на Општина Берово, се со Вас – денес, утре и секогаш. Како општина, остануваме целосно посветени на создавање услови за поголема инклузија, еднакви можности и достапни услуги за сите. Вашите потреби, идеи и глас се важни – и ќе продолжиме да работиме заедно, за една заедница, во која секој човек е ценет, поддржан и виден- истакна градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински.

Благодариме што ни покажувате дека хуманоста е најголемата вредност на овој свет!

Горе