15.000,00 денари за првороденото бебе во Општина Берово

Првороденото дете во Општина Берово, во 2024 година, е машко и е трето дете во семејството на Емилија и Глигор Сачкарски.

Денеска, во мојот кабинет, остварив средба со среќниот татко, каде што му беше доделено решение за финансиска поддршка , во износ од 15.000,00 денари, за   првородено дете во 2024 година, запишано со адреса на живеење во Општина Берово.

Лазар е роден со тежина од 4.200 килограми и должина 53 cm, роден е на  Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство во  Скопје,  на   7 јануари,  првиот ден од Божиќ, што навестува плодна и берикетна година за Берово.

Посакуваме малиот  Лазар  да има среќно и безгрижно детство и да носи могу радост во семејството Сачкарски.

Инаку покрај 15.000,00 за првородено дете, на семејството Сачкарски, исто така ќе им бидат исплатени и 7.000,00 денари за новородено дете, согласно програмата за социјална заштита за 2024 година.

Горе