Ресторан „Мис Стон“ донираше фудбалска опрема за сениорската екипа на ФК Малеш

Ресторан „Мис Стон“, од село Смојмирово, донираше комплетна фудбалска опрема за сениорската екипа на Фудбалскиот клуб „Малеш“.

Донацијата опфаќа дресови, тренерки, шушкавци и фудбалски топки, со што значително се подобруваат условите за тренинг и натпреварување на клубот.

Овој гест претставува значајна поддршка за локалниот спорт и за афирмација на фудбалот во општината.

Со оваа донација, Ресторан „Мис Стон“ уште еднаш ја потврдува својата општествена одговорност и посветеност кон заедницата, особено кон младите, кои достојно ја претставуваат општината.

Поддршката од локалните компании, е од исклучително значење за развојот на спортот и мотивирање на спортистите, за постигнување нови успеси.

Од името на Општина Берово, изразуваме искрена благодарност до Ресторан „Мис Стон“, за донацијата.

Веруваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, во интерес на спортот и младите во нашата заедница.

Горе