ЈАВЕН ПОВИК за пројавување на интерес за  пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово

Врз основа на член 19 став 2 точка 28 од Статутот на Општина Берово(„Службен гласник на Општина Берово“ бр.13/02, 18/07, 30/08, 20/10, 20/19, 47/21, 30/23 и 5/25), а во врска со член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.213/2024), Советот на Општина Берово објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пројавување на интерес за  пријавување на кандидати за избор на членови

во управен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово

 

  1. Предмет на јавниот повик

Јавниот повик се објавува за пројавување на интерес за  пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово.

ЈПКР “Услуга” Берово е правно лице чиј основач е Општина Берово со приоритетна дејност 36.00 – собирање, обработка и снабдување со вода.

Основна надлежност на јавното претпријатие е: собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода, изнесување, депонирање на отпадоци иодржување на чистотата во градот, изградба на хидро-градежни објекти (изградба, реконструкција и поправка на надворешен водовод, канализација и др.), поставување и поправка на градежни инсталации, внатрешни водоводи, канализации, пречистување и одводнување на отпадни води, уредување на улици и сообраќајници, уредување, одржувањена јавни зелени површини (паркови и дрвореди, зелени површини на станбени згради и др.),одржување на јавно осветлување и други комунални дејност (пазарни услуги, одржување на гробишта, оџачарски услуги и сл.).

Право на пријава на јавниот повик

Сите заинтересирани лица кои сакаат да пројават интерес за  пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор при ЈПКР “Услуга” Берово, согласно закон, потребно е да ги исполнуваат следните услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија (државјанство);
  • да поседува Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
  • доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

Освен условите наведени погоре, членовите на управниот орган треба да имаат најмалку пет години работно искуство и тоа:

  • најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и
  • најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.
  • потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Историјат за вработување од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со евидентиран стаж
  • Кратка биографија;
  • Останати сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени акредитирани институции.
  • Согласно позитивните законски прописи ќе се именуваат 2 (два) члена на Управен одбор, од кои најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство најмалку пет години од областа на правните работи.
  1. Начин и рок на поднесување на пријава

Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнетата Пријава на образец за пријавување на јавен повик да ја достават до архивата на Општина Берово (ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово), најдоцна до 11.02.2026 година (среда).

 Образецот за пријавување на јавен повик за именување на членови на Управен одбор за јавното претпријатие е во прилог на јавниот повик.

Образец ПРИЈАВА  

Времетраењето на мандатот на именуваните членови на Управен одбор е за период од 4 (четири) години, со право на уште еден последователен мандат.

Постапката за селекција на кандидатите за членови на управен одбор ќе ја спроведе Комисијата за селекција формирана од Советот на Општина Берово.

Комисијата за селекција на избор на членови во управниот одбор ќе изврши постапка за селекција во две фази:

  • Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) која завршува најдоцна во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите и
  • Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.) кое се спроведува најдоцна 10 дена од денот на завршувањето на административната селекција.

Точниот датум,време и место на одржување на интервју ќе се објави на веб страната на општина Берово.

Комисијата  подготвува и до Советот на Општина Берово доставува ранг-листа, од најмногу 10 најдобро рангирани кандидати за членови на управниот одбор најдоцна 10 дена од денот на завршувањето на интервјуто.

Советот на Општина Берово најдоцна 15 дена од денот на приемот на предлогот, донесува одлука за именување на членови во управниот одбор на јавното претпријатие од редот на најдобро рангираните кандидати.

Советот и ЈПКР “Услуга” Берово се должни во рок од 15 дена од денот на донесувањето на одлуката  на својата веб-страницата да ги објават кратките биографии на сите членови на управниот одбор.

Начинот на бодирање за секоја од фазите на селекција поединечно ќе се врши согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.213/2024)

Незадоволните кандидати од постапката за селекција за членови во Управниот одбор имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.

Бр.09-497/2                                                   СОВЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО

06.02.2026 година                                                            Претседател

Берово                                                                           Владко Шахпаски

Горе