Јавен повик и Анкета за Вашето мислење за Акциски план за одржлива енергија и клима

Општина Берово со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и финансиската помош од страна на Европската комисија и Федералното министерство на Германија за економска соработка и развој пристапи во процесот на подготовка на Акцискиот план за одржлива енергија и клима.

Основната цел на планот, е креирање на напредна програма која ќе овозможи нискојаглероден развој со визија за доближување до долгорочната визија за климатска неутралност. Планот предвидува во 2030-та година Општина Берово да дојде до заштеди на енергија од 7.9 GWh во споредба со 2019-та година, добиени 11 GWh енергија од обновливи извори на енергија и намалена емисија од 159.9 kt CO₂-eq.

Акцискиот план се однесува на периодот 2025-2030-та година и во основа вклучува група од континуирани акции кои треба да се спроведуваат во текот на целиот период покриен со овој план.

За таа цел Општина Берово ги повикаува сите заинтересирани граѓани, здруженија на граѓани, бизнис заедницата, стручната јавности и сите кои сакаат да допринесат во подобрување на документот да дадат свои предлози, мислења, сугестии и препораки кои ќе биадта разгледани од страна на меѓународни експерти. Во прилог е Акцискиот план за одржлива енергија и клима за кој во следниот период од 15 дена ќе можете да дадете ваши предлози, мислења, сугестии и препораки на е-маил: [email protected]  со назнака „за Акцискиот план за одржлива енергија и клима“ или во просториите на Општина Берово секој работен ден од 9 до 14 часот.

 

Во оваа прилика изразуваме особена благодарност до претставниците на здруженијата на граѓани, бизнис заедницата и јавните претпријатија кои учествуваа во подготовката на документот. Веруваме дека зајакнатата соработка во поглед на дефинирање на политиките и акциите за енергија и клима ќе биде основа за заедничка соработка во процесот на спроведување на предвидените акции и надминување на проектираните цели.

Благодариме на тимот од експерти кои работеа на подготовката на Основниот инвентар за емисии на стакленички гасови и Проценката на ризикот и ранливост на Општина Берово.

Горе