Вчера, на 11.08.2021 година, во просториите на Бизнис инкубаторот се одржа првиот час од курсот за масажа на бебиња по методот на Меѓународното здружение за масажа на бебиња – IAIM (International Association of Infant Massage).
Во Берово, а можеби и во Македонија (кратко истражување на интернет не дава резулати за сличен настан), за прв пат се одржува настан од ваков карактер.
Инструкторка и организаторка на курсот е Весна Тренчовска, која што има завршено обука во Љубљана, Словенија.
Масажата не е луксуз. Таа е традиција низ многу земји во светот, а програмата на IAIM е спој меѓу древната традиција и науката и е поддржана од доктори, педијатри, физиотерапевти…, затоа што има бројни придобивки за психо-физичката состојба на децата и родителите.
Курсот е наменет за мајки и татковци на дечиња до 12 месеци.