Вечерва ќе се изврши Теристичка дезинсекција против комарци на територијата на Општина Берово

Ве известуваме дека на ден 17.08.2021 година (Вторник наспроти Среда)  од 22.30 до 02:30 часот – екипи од ПРИМАТЕКС Бранка ДООЕЛ – Скопје ќе спроведат ТЕРИСТИЧКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА со цел уништување на возрасни комарците. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило. 

Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Горе