Совет

Надлежности на советот

(1) Советот:
1. Го донесува статутот на општината и други прописи;
2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;

5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
11. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Миниистерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
15. Врши и други работи утврдени со закон.
(2) Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот (1) точките (7) и (9) на овој член, може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надлежниот орган за надзор.
(3) Раководното лице од ставот (1) точка 12 на овој член е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините, кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

Месечниот паушал на Советниците во Советот на Општина Берово, изнесува 15.930,00 денари

Месчниот паушал на Претседателот на Совет на Општина Берово, изнесува 20.709,00 денари.

Од 01.03.2024 година

Месечниот паушал на Советниците во Советот на Општина Берово, ќе изнесува 18.307,00 денари

Месчниот паушал на Претседателот на Совет на Општина Берово, ќе изнесува  23.799,00 денари.

Горе