ЧЕТВРТОК е приемен ден на Градоначалникот на општина Берово
Градоначалникот на општина Берово, Петар Ружински, ги информира граѓаните, дека приемен ден за граѓаните ќе биде секој четврток во периодот од 08:00 до 12:00 часот, кога секој што е заинтересиран за тоа, ќе може дa оствари средба со првиот човек на општината.
Пријавувањето за прием кај градоначалникот, ќе се врши на Архива, во зградата на општина Берово и на телефонскиот број 033/471-057.
