Општинската администрација активно вклучена во пунктот за вода и прехранбени производи во Будинарци

Општинската администрација од Општина Берово заедно со локалното население деновиве активно е вклучува во справувањето со  пожарот во Малешевско – Пијанечкиот регион, како во гасење, така и во пунктот за донација на вода и прехранбени производи и дистрибуција на истите до пожарникарите, претставниците на АРМ и други институции, како и доброволците кои се на борбената линија со огнената стихија.

Во пунктот кој се наоѓа во салата во Домот на култура во Будинарци, вработени во општина Берово како и голем број на доброволци од селото и целата општина, влучени се во подготовка на сендвичи и прибирање на донации од граѓани и правни субјекти и достава на истите.

Утрово, како и во претходните неколку дена, во просториите на Општина Берово заседаваше и општинскиот кризен штаб на кој се присутни и претставници од Австриските и Словенските пожарникари, на кој се разгледуваше моменталната состојба со пожарот, а беа дадени и насоки за делување во текот на денот.

Горе