Надлежности на советот

          Органи на општината се Советот и Градоначалникот

Советот на Општина Берово ги врши следниве работиi:

  1. Донесува статут;
  2. Донесува Деловник на општината;
  3. Донесува Програма за работа;
  4. Донесува Буџет и Годишна сметка на општината;
  5. Ги утврдува висината на стапките на даноците и висината на надоместоците и таксите;
  6. Донесува генерален урбанистички план;
  7. Донесува детални урбанистички планоци и урбанистичка документација за населено место од општината;
  8. Донесува Програма за уредување на градежно земјиште;
  9. Донесува програма за одржување на сообраќајна сигнализација;
  10. Донесува одлука за регулирање на режимот на сообраќајот;
  11. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата, локален економски развој, култура, спорт и рекреација, социјална заштита и заштита на децата, образование, здравствена заштита, противпожарна заштита, во рамките на надлежностите определени со посебен закон или во согласност со националната програма
  12. Донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици,
  13. Донесува програма за јавно осветлување ;
  14. Донесува програма за изградба, одржување  и рекностукција на локални водоводи i;
  15. Донесува Програма за одржување на јавна чистота;
  16. Донесува програма за одржување, користење на паркови и други јавни површини од локално значењеi;
  17. Донесува Програма за одржување на гробишта;
  18. Донесува програма за одржување и користење на реките во урбанизирани подрачја ;
  19. Донесува Одлука за јавна чистота;
  20. Донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот сообраќаj;
  21. Донесува одлука за одржување и користење на јавни пазаришта j;
  22. Донесува одлука за начинот на користење на јавниот простор за паркирање ;
  23. Донесува одлука за начинот на користење на гробишта;
  24. Го уредува начинот на чистење на оџаците;
  25. .Определува имиња на улици, плоштади, мостови и други ингфраструктурни објекти од локално значење ;
  26. Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на предлог на Градоначалникот ;
  27. Основа јавни служби и врши надзор над нивната работа;
  28. Именува членови на управните одбори на јавните служби кои ги основа ;
  29. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби кои ги основа;
  30. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење во согласност со закон;
  31. Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби кои ги основала ;
  32. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  33. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на општината во согласност со закон;
  34. Го избира лицето кое раководи со Министерството за внатрешни работи во општината, во соглсност со закон;
  35. Го разгледува и усвојува Годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот првобранител ;
  36. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
  37. Избира и разрешува Претседател на Советот;
  38. Формира постојани и повремени комисии;
  39. Врши одделни овластување во согласност со закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на општината;
  40. Востановува општински признанија и награди ;
  41. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на општината  ;
  42. Врши други избори и именува од своја надлежност;
  43. Донесува други одлуки за работа од своја надлежност ;
  44. Врши други работи .
Горе