Надлежности на градоначалникот

Градоначалник на Општината (Од Статутот на Општина Берово)

Член 60
Градоначалникот ја претставува и застапува општината.
Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од 4 години.
Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

Член 61
Градоначалникот во рамки на своите надлежности:
– иницира и предлага на Советот на општината донесување на прописи од негова надлежност;
– го обезбедува извршувањето на работите кои му се делегирани од органот на државната управа;
– го предлага Годишниот буџет и Годишната сметка на Буџетот на општината;
– го извршува Буџетот на општината;
– решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во согласност со закон;
– раководи со општинската администрација;
– донесува Правилник за систематизација на работите и задачите на општинската администрација;
– одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
– донесува акти за организација и систематизација на работните места во управните и административните органи на општината;
– избира дирктори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
– избира и разрешува директори на основните, средните училишта и детски установи на предлог на Училишниот односно Управен одбор врз основа на јавен оглас;
– врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.
Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот.

Член 62
Градоначалникот ги објавува прописите на Советот во Службеното гласило на општината.
Градоначалникот на општината се грижи и превзема мерки и активности за навремено и квалитетно извршување на одлуките на Советот на општината.

Член 63
Ако градоначалникот смета дека прописот на Советот не е во согласност со Уставот и законите должен е во рок од 7 дена од денот на доставувањето,со решение да го запре неговото објавување,со кое ќе ги образложи причините за запирањето..
Примерок од образложеното решение за необјавување се доставува до претседателот на Советот.
Советот е должен решението од став 1 да го разгледа во рок од 15 дена и да одлучи по него.
Ако Советот на општината го потврди прописот,или не расправа по него во рокот од став 2 на овој член, градоначалникот е должен да го прогласи прописот и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценка на уставноста и законитоста на оспорениот пропис пред Уставниот суд.
Градоначалникот е должен ако актот, односно одлуката од став 1 на овој член не се усогласуваат со Уставот и законот и по повторно разгледување од страна на Советот или ако Советот не го разгледа повторно актот односно одлуката во предвидениот рок, да ја извести Владата на Република Северна Македонија за неуставноста и незаконитоста на актот односно одлуката во рок од 15 дена од денот на неговото донесување.
За иницијативата градоначалникот е должен да го информира министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.

Член 64
Градоначалникот е должен да поднесе извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на секои три месеци во текот на годината.
За извршување на своите надлежности Градоначалникот го информира Советот по потреба,а најмалку два пати во годината.

Член 65
Градоначалникот управува со имотот на општината како добар домаќин.
Во управувањето со имотот на општината Градоначалникот е должен да превзема мерки и да го обезбдува користењето на имотот во согласност со закон.

 

Член 66
За време на спреченост или отсутност до шест месеци градоначалникот го заменува член на Советот на општината кој го назначува Градоначалникот.
За време на заменувањето на Градоначалникот,на членот на Советот на општината му мирува функцијата член на Советот.
Во рок од 60 дена од денот на презенањето на функцијата Градоначалникот е должен со решение да го определи членот на Советот кој би го заменувал.
Решението од став 3 на овој член се објавува во Службен гласник на општината.
За денот на настапување на спреченоста или отсуството ,Градоначалникот го информира Претседателот на Советот.

Горе