Звонко Пекевски, е роден на 16.02.1974 година во Кочани. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на Виша електро техничка школа во Битола и на Економски факултет во Прилеп.
Има долгогодишно работно искуство во Општина Берово, како Раководител на одделение за финансии, буџет, општински имот и администрирање на даноци и добро ги познава не само финансирањето на општината, туку сите сфери од општинското работење.
Има искуство во организирање на обуки и вршење на дисеминација на знаење и искуство од јавните финансии и долги години работи како овластен проценител од областа на недвижниот имот во општината.
Звонко Пекевски е семеен човек, сопруг и татко на две деца.
Уште од млад е доста активен во политичкиот и општествениот живот во општината.
Звонко Пекевски е Градоначалник на Општина Берово, во периодот од 2017 до 2021 година.
На локалните избори 2021 година, во прв круг, повторно е избран за градоначалник на Општина Берово.
Висината на основната плата на градоначалникот на Општина Берово, е 90.422,00 денари.
Телефонски број на градоначалникот на Општина Берово, е 070/213-175.