Градоначалник

Петар Ружински е роден на 05.05.1976 година.

Основно и средно образование завршил во Берово, а дипломира на Правен факултет во Скопје.

Петар Ружински е долгогодишен ментор и едукатор во областа на неформалното образование, со повеќе од 20  години активно искуство  во работа со ученици по математика. Неговата посветеност кон младите и љубовта кон математиката, го прават особено омилен кај младата популација.

Во текот на својата кариера , учествувал на бројни натпревари и кампови, каде што им помагал на учениците, да ја развијат логичката мисла, креативноста  и љубопитноста кон решавање на посложени проблемски задачи.

Со овој пристап, заснован на мотивација и практична примена на математичките знаења, успеал да инспирира многу ученици, да постигнат забележителен напредок и високи резултати.

Покрај менторската работа, активно соработува со невладини институции, во развој и имплементација на програми и проекти.

Посветен е на својата мисија – преку знаење, поддршка и инспирација, да го поттикне секој млад човек, да го достигне својот полн потенцијал.

Во периодот од 2021 до 2025 година, тој е Советник во Советот на Општина Берово, а во 2024 година е избран и за Претседател на Советот на Општина Берово. Функцијата ја извршува се до изборот за градоначалник.

Петар Ружински е избран за градоначалник на Општина Берово, на локалните избори,  кои се одржаа на ден 19.10.2025 година. 

На функцијата градоначалник стапи од ден 27.10.2025 година.  

Висината на основната плата на градоначалникот на Општина Берово, е 90.596,00 денари.

Телефонски број на градоначалникот на Општина Берово, е 070/213-175.

Звонко Пекевски, е роден на 16.02.1974 година во Кочани. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на Виша електро техничка школа во Битола и на Економски факултет во Прилеп.

Има долгогодишно работно искуство во Општина Берово, како Раководител на одделение за финансии, буџет, општински имот и администрирање на даноци и добро ги познава не само финансирањето на општината, туку сите сфери од општинското работење.

Има искуство во организирање на обуки и вршење на дисеминација на знаење и искуство од јавните финансии и долги години работи како овластен проценител од областа на недвижниот имот во општината.

Звонко Пекевски е семеен човек, сопруг и татко на две деца.

Уште од млад е доста активен во политичкиот и општествениот живот во општината.

Звонко Пекевски е Градоначалник на Општина Берово, во периодот од 2017 до 2025 година. 

Висината на основната плата на градоначалникот на Општина Берово, е 90.596,00 денари.

Телефонски број на градоначалникот на Општина Берово, е 070/213-175.

Горе