Насловна Актуелно

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Вести

11 седница на Совет на општина Берово

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 44 став 2 од Статутот на Општина Берово („Сл.гласник на Општина Берово“ бр.13/02 и 18/07) и член 57 став 1 алинеа 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Берово („Службен гласник на Општина Берово“бр.18/07), Претседателот на Советот на Општина Берово донесе

 

Р Е Ш Е Н И Е

Ја свикувам XI-та седница на Советот на Општина Берово на ден 26.02.2010 година (петок), со почеток во 9,30 часот со следниот

Прочитај повеќе: 11 седница на Совет на општина Берово

 

Промоција на традиционална малешевска храна

 

Општина Берово заедно со Балканија во хотел Манастир  ја промовираа традиционалната малешевска  кујна, со специфичните локални специјалитети-зелници, клиси на тава, компир салата, сирење и  уште многу други јадењa подготвувани со голема мајсторија  од Малешевци низ годините и како рецепти пренесувани и зачувани од помладите.

Гостите што ги имаше од Агенцијата за туризам,  факултетот за туризам  и менаџмент при Универзитетот Кирил и Методиј , пратеничката Лилјана Поповска, претставници од Балканија и други гости,

Прочитај повеќе: Промоција на традиционална малешевска храна

 

Малешевијата станува туристички се поинтересна

Норвешко здружение за развој  пројави интерес за можностите и потенцијалите на Берово и околината за развој на туризмот и сместувачките капацитети на индивидуалните издавачи на викендици и куќи за сместување. На состанокот што се одржа во Општина Берово со претставници од Одделението за локален економски развој ја истакнаа заинтересираноста за овој крај, како еко-дестинација и погодно место за развој на еко-туризмот.

Богатството со кое располага Малешевијата може да го плени секој посетител.  Меѓутоа треба да се засили промоцијата на местото и регионот во целост, не само во вашата држава, туку и пошироко.

Прочитај повеќе: Малешевијата станува туристички се поинтересна

   

Општината ќе биде дел од Велофест

Претставници од Велофест-креативен фестивал за велосипеди ја посетија Општина Берово во врска со организацијата на фестивалот, што има за задача да го избере  најубавиот и  и најстариот велосипед и да го промовира велосипедизмот како современ спорт.

Прочитај повеќе: Општината ќе биде дел од Велофест

 

Фирмите ја исполниле обврската да поднесат годишна даночна пријава

Законската обврска за поднесување на обрасците ПДД-ГИ годишни извештај до УЈП ,  правните субјекти на територијата на општина Берово до крајниот рок 15 февруари ја подмириле. Од УЈП информираа дека даночните обврски ги имаат подмирено  над 90% од фирмите што активно работата на ниво на општина Берово.  Една од причините за ваквото навремено доставување на пријавите  се и високите казни кои ќе се наплатуваат од должниците доколку во законскиот рок не го изведат пријавувањето.

Казните за правните субјекти  се движат  од 2.000 до 3.000 евра.

Прочитај повеќе: Фирмите ја исполниле обврската да поднесат годишна даночна пријава

   

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии