Насловна Географска локација и релјеф Географска локација и релјеф

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Географска локација и релјеф

Географска локација и релјеф

Беровската котлина го опфаќа најисточниот дел од Република Македонија, помеѓу 41° 06” и 41° 53” географска ширина и помеѓу 23° 12” и 22° 37” географска должина. Општината Берово на југ се граничи со општините Ново Село, Босилово и Василево, на запад со општините Радовиш и Виница, на север со Делчево и со Пехчево, на исток со државната граница на Бугарија.

Вкупната површина на општина Берово изнесува 595 км2, а се наоѓа на 800 м просечна надморска висина.

Релјефот е претежно ридско-планински, а рамнински терени има само околу речното корито на реката Брегалница.

 

Клима

Општина Берово, која е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамничарски делови. Берово е град со највисока концетрација на кислород на балканот. Средната годишна температура во општината е 11,1 °С

Флора и фауна

Најзастапени се дабовата и буковата шума. Буковиот појас е застапен во планинскиот и во потпланинскиот појас. Подобро се зачувани горските букови шуми, тие се од големо значење за шумското стопанисување.

Од вкупната површина под шуми, 72,0% се во државна сопственост, а 28,0% се шуми во приватна сопственост. Вкупниот годишен сечив етат изнесува 60.300 м3 бруто дрвна маса, или околу 48,0% од годишниот прираст, или 0,85% од вкупната дрвна маса на уредените шуми.

Хидрографија

Најважен хидрографски објект во Малешевијата е реката Брегалница која е, исто така, една од најголемите притоки на реката Вардар.

Хидрографски објект од значење за општината е и Беровското Езеро. Тоа е вештачко езеро, со бетонска брана висока 53 метри и претставува хидрографски туристички објект. Се наоѓа на 986 метри надморска височина. Изградено е во 1970 година, на Ратевска Река, на  месноста наречена Лаки, а оддалечено е 7 км од Берово. Должината му е 2,5 км, а средната широчина 0,5 км. Површината на езерото изнесува 0,57 км2.

Минерали и руди

За развојните можности на општината особено значајни се минералните суровини и рудите, за кои во минатото се спроведени истражувања и е констатирано дека нивната експлоатација е економски оправдана. Такви се случаите со каолинските глини, погодни за производство на керамички и огноотпорни производи, кварцот, кој наполно одговара за подготвување на огноотпорен материјал, јагленот, железото и други рудни појави, кои се делумно активни, а поголемиот дел се сé уште само потенцијално атрактивни ресурси за натамошно истражување и активирање.

Во реонот на с. Мачево и на с. Будинарци постои SiO2 (горски кристал) кој во светот се користи како украсен камен во јувелирството.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии