Насловна Население и економија Население и миграции

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Население и миграции

Население и миграции

Според пописот на населението во 2002 година, Општина Берово има 13.941 жители. Структурата на населението по пол за општина Берово е 50,4% мажи и 49,6% жени. Општината Берово има вкупно 4.706 домаќинства, со просечен број од 3,1 членови по домаќинство.

Според националната припадност, Македонците се доминантни, со 96%, 3% се Роми, а 1% останати.

Економија

Според бројот на компаниите, доминантна дејност е трговијата (со учество од 40%), потоа сообраќајот, складирањето и врските (со 13%) и преработувачката индустрија (со 12,3%), другите комунални, културни, општи и лични услужни активности (11%), хотелите и рестораните (со 7,2%), земјоделството, ловот и шумарството (со 7,1%) и останато (со помалку од 10%). Најзастапени сектори во економијата се текстилната и дрвната индустрија, како и земјоделството и сточарството, во кои е детектиран голем неискористен потенцијал. Од услужните дејности голем подем се забележува во туристичкиот сектор, кој со темпото на развој и инвестиции, во догледна иднина може да стане главна економска гранка.

Инфраструктура

Општината Берово е поврзана со два регионални патни правци кон внатрешноста на Република Македонија со:

  • Р-527-Кочани-Виница-Берово-Клепало (граничен премин);
  • Р-523 -Делчево-Пехчево-Берово-Струмица;
  • Р-524 - Берово-Клепало (граница Р. Бугарија);
  • регионалниот патен правец Р-603 - Берово-Подареш-Радовиш е во фаза на проектирање.

Сите селски населби од општината се поврзани со градот Берово, со асфалтирани локални патишта. Локалните патишта имаат вкупна должина од 36 км и 109,94 ха, од кои 14% се неасфалтирани земјени патишта. Најблиската железничка станица е на 50 км од Берово и се наоѓа во Кочани. Берово има скоро централна поставеност во однос на околните аеродроми: 170 км од Скопје, 162 км од Солун и 165 км од Софија. Најблиското пристаниште е во Солун.

Образование

Образовната структура на населението е следна:

ü  20% од  населението има неоформено основно образование (тоа се претежно возрасни луѓе над 65 години и луѓе кои се здобиле со дополнителни стручни вештини);

ü  33% од населението има основно образование;

ü  најголем дел, 36% од населението, има средно образование;

ü  4% од населението има виша подготовка;

ü  6% има високо образование.


ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии