Насловна Актуелно Вести Општина Берово, во соработка со ПС од ОН Берово, упатува АПЕЛ за заштита и превенција од КОВИД 19

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Општина Берово, во соработка со ПС од ОН Берово, упатува АПЕЛ за заштита и превенција од КОВИД 19

 

Почитувани граѓани на општина Берово,

Сведоци сме на се поголемиот број на заразени од КОВИД 19, во Општина Берово.

Како општина, спроведуваме повеќе мерки, за заштита на јавното здравје и постојано сме во координација со институциите, превземајќи повеќе активности како превенција од оваа глобална појава, меѓутоа сепак таа зема се поголем замав и во нашата општина.

Од огромно значење е сериозно да ја сфатиме нашата благосостојба и затоа е потребно, секој од нас, да ги почитува мерките на Владата на РСМ, да покажеме повисоко ниво на самосвест, солидарност во заедницата и колективна одговорност.

Во соработка со Полициска станица од општа надлежност во Берово, сакаме да упатиме апел особено за младата популација, за почитување особено на мерката за забрана за собирање во групи, немојте да се групирате, останете во вашите домови и заштитете се Вас и вашите блиски.

Исто така, се известуваат сопствениците на викенд- објектите, да не ги изнајмуваат викендиците на млади, заради забава и собири, организирање на родендени и различни други забави, на кои не само што не се почитуваат мерките, туку се прават и асоцијални појави.

Министерството за внатрешни работи, заедно со другите надлежни инспекциски служби, во престојниот период, ќе ги интензивира контролите на подрачјата во Берово и Пехчево, или поточно во туристичките населби,  во однос на почитувањата на мерките.

Ова е апел, до сите граѓани, со цел да не дозволиме надлежните служби да ги применуваат казнените одредби, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и согласно Законот за јавен ред и мир.

Уште еднаш, упатуваме јасна порака: останете дома, почитувајте ги мерките на Владата на РСМ, излегувајте само за неопходни работи и превземете ги сите мерки за заштита.

Успехот, во оваа борба, кога и како ќе се справиме со предизвикот наречен КОВИД-19, зависи од секој од нас.

МЕРКИТЕ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ!

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ.

ОД НАС ЗАВИСИ!

 


Општина Берово во соработка со ПС од ОН Берово

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии