Насловна Актуелно Вести JABEH ПОВИК ЗА ВРАЌАЊЕ НА УПЛАТЕНАТА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПPECTOJ ЗА 2019 ГОДИНА НА СИТЕ КАТЕГОРИЗИРАНИ УГОСТИТЕЛСКИ OBJEKТИ

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

JABEH ПОВИК ЗА ВРАЌАЊЕ НА УПЛАТЕНАТА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПPECTOJ ЗА 2019 ГОДИНА НА СИТЕ КАТЕГОРИЗИРАНИ УГОСТИТЕЛСКИ OBJEKТИ

 

Одделението за Локален економски развој во Општина Берово, ве известува дека Министерството за економија, објави јавен повик за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 за сите правни и физички лица, кои имаат категоризирани угостителски објекти. Субјектите до Министерството за економија доставуваат електронско барање преку платформата www.domasiedoma.gov.mk најдоцна до 28.11.2020 година по принципот ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН.

Повеќе информации за повикот на следниот линк http://economy.gov.mk/doc/2858

 

Министерството за економија, согласно Програма за изменување и дополнување на Програмата за paзвој на туризмот за 2020 година - 4 сет мерки во 2020 година „Сл. весник на Република Северна Македонка", бр. 269 од 10.11.2020 година објавува:

JABEH ПОВИК ЗА ВРАЌАЊЕ НА УПЛАТЕНАТА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПPECTOJ ЗА 2019 ГОДИНА НА СИТЕ КАТЕГОРИЗИРАНИ УГОСТИТЕЛСКИ OBJEKТИ

1. Предмет на поддршка: Вракање на уплатената такса за привремен npecтoj за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти

2. Право на учество имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување

На овој јавен повик немаат право на учество:

- Угостителски објекти за сместување кои не се категоризирани

- Угостителски објекти кои се во постапка на ликвидација или стечај

3. Намена на средства

Со цел поддршка на Хотелиерството во Република Северна Македонија за време на Кризата со Ковид 19, Министерството за економија предвидува враќање на туристичка такса за 2019 година за сите угостителски објекти за сместување.

Со мерката транспарентно и ефикасно ке се вратат средства директно на сите кои во 2019 година имаат уплатено туристичка такса.

4. Износ на поддршка

Износот на средства кој ќе биде доделен е во зависност од уплатената такса за 2019 година од страна на угостителскиот oбјект.

5. Начин на аплицирање

- Субјектите до Министерството за економија доставуваат електронско барање преку платформата www.domasiedoma.gov.mk или www.pushimenevend.gov.mk за враќање на износот на таксата за привремен престој уплатена за 2019 година.

6. Потребни документи за пријавување - за правни лица

· ТЕКОВНА COCTOJBA (документ издаден од од Централен регистар не постар од 3 месеци)

· РЕШЕНИЕ ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА (документ издаден од Владата на Република Северна Македонија или Министерство за економија) или Барање за издавање на Решение (поднесено до Министерство за економија);

· ПРИЈАВА ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА МИНИМАЛНО-ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ;

· УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ ОД УЈП не постаро од 3 (три) месеци и

· ДОКАЗ ЗА ПЛАТЕНА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТ0Ј (изводи од сметката од соодветната банка на уплата или налог за извршена уплата заверени со печат од банка)

7. Потребни документи за пријавување - за физички лица

· РЕШЕНИЕ ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА (документ издаден од Општина)

· УВЕРЕНИЕ ОД УјП ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЦИ (персонален данок)

· ДОКАЗ ЗА ПЛАТЕНА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПPECTOJ (изводи од сметката од соодветната банка на уплата или налог за извршена уплата заверени со печат од банка)

8. Краен рок за аплицирање

Барањето со пропратната документација се доставува преку платформата најдоцна до 28.11.2020 година.

Повеќе информации, можете да превземете ТУКА.

НАПОМЕНА: Барањата за Враќање на износот на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти ќе се разгледуваат по принципот ПРВ ДОЈДЕН ПРВ УСЛУЖЕН (Барањето кое нема да биде комплетно ќе го завземе последното место по реден 6poj на поднесуваае на датумот на комплетирање на барањето).

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии