Насловна Актуелно Вести Општина Берово започнува акции за чистење на дивите депонии, АПЕЛ до граѓаните: Да не дозволиме истите да бидат обновени

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Општина Берово започнува акции за чистење на дивите депонии, АПЕЛ до граѓаните: Да не дозволиме истите да бидат обновени

Се решава проблемот со дивите депонии во Општина Берово, од денеска започнуваат акциите за чистење на сите диви депонии, на територијата на општината.

 

Акцијата денеска започна на дивата депонија над Филтер станицата, во ромското маало во Берово, која е долгогодишен проблем на беровчани, а е создадена, како резултат на несовесното однесување на населението, кое живее во овој дел од градот.

Со камион и ровокопач, екипите на ЈПКР ,,Услуга" од Берово, во текот на денешниот ден,  исфрлија повеќе возила смет, од оваа депонија, при што земјиштето е исчистено и израмето.

Сега, останува да ја видиме совесноста на граѓаните, да видиме дали ова место ќе биде така чисто и во наредниот период, или  повторно ќе биде мета за отпад.

Во периодот кој следи, инспекциските служби ќе бидат постојано на терен, во обиколка и доколку се забележи несовесно однесување, сторителот ќе биде соодветно санкциониран.

Со акциите за чистење на депониите, општината ќе продолжи во следниот период, кога ќе бидат исчистени депониите на Колачински поток и на патот помеѓу с. Русиново и с. Владимирово.

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: За чисто и убаво Берово, складирајте го отпадот соодветно и онаму каде што му е местото, да не дозволиме исчистените депонии, да бидат обновени.

Доколку забележите некој да не ги почитува правилата, поучете го, а доколку повторно продолжува со истото, тогаш пријавете го до надлежните служби, при општина Берово .

Сите сакаме да ни биде убаво, а за да биде така, заеднички сме одговорни!

Заедно да ги победиме лошите навики и несовесното однесување кон животата средина.

Мислете денес, за подобро утре.

 


Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии