Насловна Актуелно Вести Екипата на ОФК Малеш загосподари со првата позиција во третата фудбалска лига Исток

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Екипата на ОФК Малеш загосподари со првата позиција во третата фудбалска лига Исток

 

Големaта дерби пресметка, во Чешиново, по интересна и неизвесна борба и низ многу возбуда, на крајот му припадна на тимот од ОФК ,,Малеш, од Берово.

Победата го одведе Малеш, на челната позиција и донесе многу возбуда.

 

Тимот на Чешиново е симнат од врвот на табелата, резултатот заврши 2:3 во корист на екипата од Берово, фудбалерите покажаа неверојатен карактер, победата ја посакуваа многу повеќе и се бореа на секој чекор од теренот, гинеа за секоја топка буквално. Стрелци на головите беа Симевски од пенал и Халитов , на двете изворедни асистенции од капитенот Пачемски, а третиот гол беше вистинско ремек дело од 30 метри на Арменски. Моментално екипата на ОФК Малеш се наоѓа на врвот на табелата со освоени 15 бодови , и подобра гол разлика од второ пласираната екипа на ФК Детонит кои имаат исти бодови .

Еве ја моменталната табела во Третата фудбалска лига исток:

1.ОФК Малеш-----15 бодови

2. ФК Детонит-----15 бодови

3. ФК Чешиново—13 бодови

4. ФК Брегалница -13 бодови

5. ФК Спартмани -10 бодови

6. Фк Овче Поле -9 бодови

7. ФК Хоризонт Турново -9 бодови

8.ФК Раклиш ------7 бодови

9.ФК Тиверија ----6 бодови

10. ФК Работник Џумајлија –4 бодови

11. ФК Карбинци ---4 бодови

12. ФК Василево ---0 бодови

Црвено сината боја, загосподари со првата позиција, во третата фудбалска лига ИСТОК и му носи нови предизвици на тимот.

Спортски поздрав и честитки до тимот, тренерот и управата на ОФК ,,Малеш”.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии