Насловна Актуелно Вести Ј А В Е Н П О В И К за субвенционирање на 100 % од трошоците за стерилизација на 30 женки-кучиња на територијата на општина Берово во текот на 2020 година

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Ј А В Е Н П О В И К за субвенционирање на 100 % од трошоците за стерилизација на 30 женки-кучиња на територијата на општина Берово во текот на 2020 година

Врз основа на член 3 од Одлуката за за субвенционирање на 100 % од трошоците за стерилизација на 30 женки-кучиња на територијата на општина Берово во текот на 2020 година, Бр..09-2939/1 од 14.9.2020 година и член 1 од Правилникот за критериумите и постапката за субвенционирање на 100 % од трошоците за стерилизација на 30 (триесет) женки-кучиња на територијата на општина Берово, Бр. 09 - 2940/1 од 14.9.2020 година , Градоначалникот на Општина Берово објавува:

 

Ј А В Е Н П О В И К

за субвенционирање на 100 % од трошоците за стерилизација на 30 женки-кучиња

на територијата на општина Берово во текот на 2020 година

 

1.Опис на јавниот повик

Општина Берово ќе врши субвенционирање на 100% од трошоците за стерилизација на 30 (триесет) женки-кучиња на територијата на општина Берово, во текот на 2020 година.

Cубвенцијата се состои од:

• Покривање на 100% од трошоците кои лицето - сопственик на женка-куче ги има направено за стерилизација на истото.

По основ на овој Јавен повик ќе бидат субвенционирани 30 лица. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

2.Право на учество на јавниот повик

 

Право на учество имаат жителите на општина Берово, кои ги исполнуваат условите од овој повик.

3.Услови кои треба да ги исполни барателот

Субвенционирањето од средствата на Буџетот на општина Берово ќе можат да го користат сопственици на женки кучиња кои во рок од 30 (триесет) дена од извршената стерилизација на кучето, до Општина Берово ќе поднесат барање за субвенционирање на 100% од трошоците за стерилизација на женка-куче со следната документација:

-фотокопија од лична карта на сопственикот (како доказ дека има регистрирана адреса на живеење на територијата на општина Берово);

-Доказ дека кучето е чипирано (како доказ за сопственост на кучето);

-Потврда од Регистрирана ветеринарна установа за извршена стерилизација на кучето;

- Доказ за извршена уплата на средства, како и висината на трошоците за извршената стерилизација;

- фотокопија од трансакциска сметка на сопственикот на кучето.

Доколку барателот на субвенцијата е сопственик на повеќе женки-кучиња и на сите има направено стерилизација, истиот треба да поднесе онолку барања колку што има третирани кучиња, односно посебно барање за секое куче.

4.Начин на пријавување на јавниот повик

За учество на Јавниот повик и доказ дека условите од истиот се исполнети барателот треба да достави:

 

*Барање за субвенционирање на 100 % од трошоците за стерилизација на 30 женки-кучиња на територијата на општина Берово во текот на 2020 година;

(ПРЕЗЕМИ ГО БАРАЊЕТО)

*фотокопија од лична карта на сопственикот (како доказ дека има регистрирана адреса на живеење на територијата на општина Берово);

*Доказ дека кучето е чипирано (како доказ за сопственост на кучето);

*Потврда од Регистрирана ветеринарна установа за извршена стерилизација на кучето;

*Доказ за извршена уплата на средства, како и висината на трошоците за извршената стерилизација;

* фотокопија од трансакциска сметка на сопственикот на кучето.

Барањето заедно со потребната документација, барателите во затворен плик ги доставуваат во Архива на Општина Берово, ул. “Димитар Влахов” бр.10 Берово, со назнака “за Јавен повик за субвенционирање на 100 % од трошоците за стерилизација на 30 женки-кучиња на територијата на општина Берово во текот на 2020 година;

 

Архивата на Општина Берово примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5.Начин на спроведување на јавниот повик

Средствата предвидени во Буџетот за оваа намена, ќе ги доделува Градоначалникот на Општина Берово.

За секое поднесено Барање, од страна на Комисија формирана од Градоначалникот ќе се изготвува Записник за утврдување кои физички лица ги исполнуваат критериумите за субвенционирање.

Доколку барателот достави некомплетна документација, Комисијата  е должна да му достави известување на барателот и да го задолжи во рок од 5 работни дена по приемот на известувањето да ги комплетира документите.

Доколку барателот не ги комплетира документите во рокот предвидениот рок, ќе се смета дека не ги исполнува условите за субвенционирање и Барањето ќе му биде одбиено.

Доколку барателот достави уредна и комплетна документација, од страна на Градоначалникот на Општина Берово ќе биде донесено Решение за субвенционирање на  трошоците за стерилизација на женки-кучиња на територијата на општина Берово.

Јавниот повик ќе трае во текот на целата 2020 година или до исполнување на квотата од 30 (триесет) уредни и комплетни Барања за субвенционирање, во зависност од тоа што попрво ќе истече или ќе се исполни.

 

Доколку на повикот се пријават повеќе од 30 лица кои ги исполнуваат условите за субвенцинирање, Комисијата ќе го примени принципот “прв дојден- прв услужен”, односно правото ќе го остварат првите 30 лица, чии Барања за субвенционирање ќе бидат навремени и кои во целост ги исполнуваат условите од повикот.

Градоначалник на Општина Берово

Звонко Пекевски

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии