Насловна Актуелно Вести ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2020 за унапредување на еден (1) административен службеник во Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2020 за унапредување на еден (1) административен службеник во Општина Берово

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 и став 3 и член 48 од Закон за административни службеници (Службен Весник на Република Македонија број 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018 и Службен Весник на Република Северна Македонија број 275/2019 и 14/2020) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (Службен Весник на Република Македонија број 11/2015), во согласност со Правилникот за систематизација на работни места во Општина Берово бр. 01 - 1017/1 од 29.12.2015 година, 01-1117/2 од 13.04.2016 година, 01-1566/2 од 15.06.2016 година, 01-2593/4 од 19.12.2016 година, 01-617/1 од 22.03.2017 година, 01-389/1 од 30.01.2018 година, 01 – 1868/1 од 01.06.2018 година, 01 – 2757/1 од 27.08.2018 година, 01 – 2157/1 од 21.06.2019 година, 01 – 2772/1 од 06.08.2019 година, 01 – 3421/1 од 25.09.2019 година и 01 – 2003/1 од 23.06.2020 година Општина Берово објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2020

За унапредување на еден (1) административен службеник во Општина Берово за следното работно место:

1) УПР01001В03000 Соработник за материјално финансиско работење во Одделението за финансиски прашања при Општина Берово - еден (1) извршител

Општите услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите се:

š да е државјанин на Република Северна Македонија,

š активно да го користи македонскиот јазик,

š да е полнолетен,

š да има општа здравствена способност за работното место и

š со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работното место се:

š ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Економски науки или Организациони науки и управување (менаџмент);

š за нивото В03 - најмалку една година работно искуство во струката

Општи работни компетенции се:

š решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

š учење и развој

š комуникација

š остварување резултати

š работење со други/тимска работа

š стратешка свест

š ориентираност кон странките/засегнати страни и

š финансиско управување

Посебни работни компетенции се:

š активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

š активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Берово, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за административни службеници и актот за систематизација, како и:

š да е оценет со оцена „А или „Б при последното оценување на кое бил оценуван,

š да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

š да поминал најмалку две години на исто ниво и

š да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време:

š Работни денови од понеделник – петок

š Работни часови неделно - 40

š Работно време од 07:30 часот до 15:30 часот

Паричен нето износ на плата: 23.727,оо,оо денари

По објавениот интерен оглас, заинтересираниот административен службеник поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата до организационата единица за управување со човечки ресурси. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во Архива на Општина Берово на улица „Димитар Влахов“ бр. 10, 2330 Берово. Пријавата и доказите содржани во пријавата, освен во хартиена форма, треба да бидат испратени и електронски на официјалната е-маил адреса на Општина Берово [email protected].

Рокот за пријавување изнесува пет (5) денови, сметано од денот на објавувањето на огласот на веб страната на Агенција за администрација и веб страната на Општина Берово.

Кандидатите за унапредување се пријавуваат на интерниот оглас со поднесување на пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата. Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Кон пријавата, кандидатите можат да ги приложат и следните докази во скенирана форма:

š потврди за успешно реализирани обуки и/или

š потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник.

По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Aгенцијата за администрација и Општина Берово.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

Пријавените кандидати на интерниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за унапредување на административен службеник и тоа:

Фаза 1 - Aдминистративна селекција, и

Фаза 2 – Интервју.

НАПОМЕНА:

Лицата кои дале лажни податоци во пријавата се дисквалификуваат од натамошна постапка.

 

 

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА

Општина Беровo

Градоначалник

Звонко Пекевски

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии