Насловна Актуелно Вести Министерот за локална самоуправа Милевски и преставниците на SDS, во посета на Домот за стари лица во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Министерот за локална самоуправа Милевски и преставниците на SDS, во посета на Домот за стари лица во Берово

Претставници од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерот за локална самоуправа и претставници од Проектната единица за Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој,  во рамките на  посета на проекти финансирани од нивна страна, го посетија домот за стари лица во Берово.

Претставникот од Швајцарската агенција за разој и соработка, Марија Македонска, истакна дека Швајцарската агенција за развој и соработка, во рамките на Швајцарската амбасада во Скопје, веќе 6 години, интензивно соработува со МЛС на тема рамномерен регионален развој. Во рамките на проектот, во различните региони, инвестираме во унапредување на економијата, стопанството, меѓутоа една од работите која е многу важна, за нас како преставници на Швајцарија, е социјалната инклузија. И токму затоа, годинава грантот во Источно планскиот регион, годинава е доделен за реновирање и проширување на домот за стари лица во Берово. Она што е од исклучителна важност, е што проектот беше избран на партиципативен начин, уште една вредност на Швајцарија, која ја внесуваме во сите можни проекти- додаде Македонска.

Како што истакна Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, МЛС и Швајцарската агенција, во овој проект инвестираат 6.900.000,00 денари а општина Берово, учествува со 400.000,00 денари, со што докажуваме дека се грижиме од најмалите, градејќи детски игралишта, па се до оние кои цел живот работеле за нас, сега општеството треба да им врати и да води сметка за нив. Како што потенцираше, тој е задоволен од работите кои се градат во Општина Берово и се надева дека со истата соработка ќе се продолжи и во иднина и дека Министерството за труд и социјална политика ќе ја обезбеди потребната опрема за објектот да профункционира.

Градоначалникот Пекевски, заблагодарувајќи им се на Швајцарската агенција за развој и соработка, на Министерството за локална самоуправа, Центерот за развој на источно плански регион за соработката, истакна дека е големо задоволството кога се задоволни крајните корисници.

Сметам дека во домот за стари лица во Берово, услугите се на високо ниво, од нега и грижа. до хигиена, храна, потребна медицинска помош и поддршка во секојдневните активности и се надевам дека партнерството меѓу сите нас, кој сме денес присутни, ќе овозможи големо задоволство на 10 нови семејства, кој веќе се на  листата на чекање и го очекуваат завршувањето на проектот, за да бидат сместени.

Исто така голема благодарност до проектниот одбор, за избор на проекти и до сите учесници на регионалните форуми во заедницата, кои ја препознаа сериозноста на проектот за домот за стари лица и дадоа зелено светло тој да биде реализиран.

Старите лица се столбот на нашето општество и ние треба да им обезбедиме соодветна грижа, нега и достоинствен живот. Јас сум среќна што успеваме во тоа. Отварањето на третата ламела во домот за стари лица, е од големо значење не само за Берово туку и за целиот источен регион, со што ќе се зголеми капацитетот за нови 10 легла, истакна Директорот на ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки" - Живка Бојчовска Каламадевска.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии