Насловна Актуелно Вести Се подобруваат условите за учење во подрачно училиште во с. Двориште

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Се подобруваат условите за учење во подрачно училиште во с. Двориште

Општина Берово продолжува со заложбите за подобрување на условите за учење, особено во селските средини. По долги години, започнува реконструкција на зградата на подрачното училиштe ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, во с. Двориште.

Се реконструира спортската сала во училиштето, се променува кровната конструкција, се менува столаријата и подните површини.

Во подготвителните активности, на отстранување на старата дотраена кровна конструкција, ангажирана беше техничката служба од општина Берово и од ООУ.,,Дедо Иљо Малешевски”.

-На мое големо задоволство, изминатиот период реализиравме многу проекти за подобрување на условите за учење во училиштата во Берово, од подобрување на енергетската ефикасност, до реконструкција на спортските терени, оградување, набавка на нов мебел и ентериер, парково и хортикултурно уредување и слично. Во периодот што следи, со силни заложби, ќе продолжиме да ги подобруваме условите, зошто вложувањето во образованието е вложување во човечкиот капитал – истакна Пекевски.

Средставата, во износ од околу 2.000.000,00 денари, се обезбедени, околу 1.200.000,00 денари, по отворен повик од УСАИД, а останатите од Буџетот на училиштето и општината.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии