Насловна Актуелно Вести Градоначалникот на Општина Берово потпиша договор со УНДП за финансирање на Проект ,,Децата се нашата иднина - Доградба на градинката ,,23 Август”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Градоначалникот на Општина Берово потпиша договор со УНДП за финансирање на Проект ,,Децата се нашата иднина - Доградба на градинката ,,23 Август”

 

Во рамките на Проект ,,Зајакнување на општинските совети”, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, потпиша договор за финансирање на Проект ,,Децата се нашата иднина -Доградба на градинката ,,23 Август” во Берово.

 

Донатор на овој проект е Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC, а истиот е имплеметиран од Програма за развој на обединетите нации – UNDP.

Во рамките на проектот, 4 нови занимални ќе бидат целосно опремени и детската градинка ќе ги подобри условите за згрижување на децата од предучилишна возраст.

Придобивки од овој проект ќе има целата заедница, при што децата ќе имаат нови и привлечни занимални, вработените ќе имаат полесен пристап во извршувањето на својата работа, а родителите ќе имаат среќно згрижени деца.

Проектот е резултат на Форуми во заедницата и истиот е развиен преку идеите, предлозите и активното учество на граѓаните и граѓанскиот сектор, во соработка со единицата на локална самоуправа.

Истиот е со вкупен Буџет од 4.298.491,00 од кои 2.698.491,00 се од Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC, а останатите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Берово и се очекува во период од шест месеци да биде реализиран.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии