Насловна Актуелно Вести Градоначалникот и советниците од беровскиот совет следат обука за финансиски извештаи на единиците на локалната самоуправа и нивна анализа

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Градоначалникот и советниците од беровскиот совет следат обука за финансиски извештаи на единиците на локалната самоуправа и нивна анализа

10 Советници од  Советот на општина Берово заедно Градоначалникот на општина Берово и преставник од општинската администрација, денеска во Струмица  го следат 4 модул  од обуките на тема ,,Финансиски извештаи на единиците на локалната самоуправа и нивна анализа, кој е дел од циклусот обуки од проектот ,,Зајакнување на општинските совети".

Во рамки на проектот,Советниците и административните службеници, ќе имаат можност да проследат неколку модули и ќе обработуваат различни теми кои ќе ги опфатат сите надлежности на локалната самоуправа.

Обуките се дел од проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци и е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC и истиот  е имплементиран од Програмата за развој и соработка UNDP, во партнерство со Министерството за локала самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Во рамките на истиот проект, на форум, граѓаните на општина Берово донесоа одлука да се финансира и внатрешно уредување на 4 занимални во детската градина ,,23 Август" во Берово .

Главна цел на овој проект , е да ги зајакне општинските совети, да станат поефективни и автономни тела и подобро да се справуваат со влијанието на извршната власт, преку соодветно исполнување на својата уставно доделена улога за одлучување, надзор и застапување,

 


Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии