Насловна Актуелно Вести Во беровско Митрашинци се одбележува 76 годишнината од формирањето на 50 тата НО Дивизија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Во беровско Митрашинци се одбележува 76 годишнината од формирањето на 50 тата НО Дивизија

Во беровското село Митрашинци, денеска се чествува 76 годишнината од формирањето на 50-тата Дивизија  на НОВ И ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада ,,Димитар Влахов". 
Одбележувањето на 18- ти септември, го организира Организацијата на резервни офицери за Берово и Пехчево во соработка со Дом на култура Берово и Општина Берово.
Свечената церемонија започна со оддавање на едноминутно молчење во знак на почит на загинатите борци и револуционери, а делегации од општествениот, политичкиот живот, од Армијата, од Здружение на борци Струмица,  положија цвеќе пред споменикот.
На самото одбележување годинава отсуствуваа рециталите и настапите на учениците, заради запазување на мерките и избегнување на поголемо групирање.
Во краткиот говор подготвен од преставниците од Дом на култура Берово, беше назначено за формирањето на дивизијата за нејзиното дејствување, со потсетување на борбениот дух и непокорливоста на разловечките востаници, на кресненските бунтовници на илинденските идеолози, која вроди со независна и самостојна држава.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии