Насловна Актуелно Вести Во Берово е оджана, 16-тата Седница на Совет за развој на источно-плански регион

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Во Берово е оджана, 16-тата Седница на Совет за развој на источно-плански регион

Денеска во Берово, се одржа 16-тата Седница на Совет за развој на Источно плански регион, со организација и почитување на сите мерки и протоколи за заштита од КОВИД-19.

На седницата, имаше  презентации за проектот ,, Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој" со посебен акцент на развивање на свеста за социјална инклузија и на изборот на проекти кои треба да бидат реализирани преку форумски процеси.

 

Како точка на дневен ред, на седницата, заради престанок на мандатот на Градоначалникот Благој Бочварски и негово назначување за Министер за транспорт и врски, се најде изборот на нов Претседател на Источно плански регион, при што за нов претседател е избран Јане Миланов, - В. Д. Градоначалник на општина Штип.

Исто така на 16-тата Седница на Советот за развој на источно плански регион, присутните имаа можност да проследат презентација за карактеристиките и функционирањето на поставените агеометеоролошкоте станици во општините во источниот регион.

Седницата беше завршена со донесување на одлука за отпочнување на постапка за избор на нов Директор на Центарот за развој на источно планскиот регион, со оглед на тоа што мандатот на актуелниот Директор, истекува наскоро.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии